еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека… Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?

Уште еден доказ дека многумина поседуваат нелегално прислушувани разговори или познати во јавноста како „бомби„ е и последното објавување на нови разговори на Фејсбук на профил под името „Ел Чека“, кои претходно беа најавени од членови на т.н. Кумановска група од затвор, осудени за настаните во Диво насеље.

Новите „бомби“ кои наводно се однесуваат за поранешни функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, ја потврдуваат и практиката дека истите се објавуваат по потреба, во точно определено време и за точно одредена цел.

Не е тешко да се прогнозира дека ќе ги има и понатаму, од едноставна причина што не е прв пат да излезат нови „бомби“, откако фајловите со нелегално прислушуваните разговори, СДСМ ги предаде на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а и реално никој точно не знае кој се во државава, но и надвор од неа поседува вакви материјали.

Јавна тајна е дека пред извесен период истите можеа да се најдат дури и на Бит пазар во Скопје, а дел од нелегално прислушуваните разговори од последното масовно прислушување на македонските граѓани завршија и на Косово и Бог знае каде.

„Бомби“ изминатиов период освен „Ел Чека“ објавуваше и „Никола Тесла“, „Илија громовник“…

Од МВР велат дека знаат кој стои зад профилот на Фејсбук „Ел Чека“, а и објавувачот од Чикаго сам се јави, но јавноста за сега не дозна кои се „Никола Тесла“ и „Илија громовник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали „Илија громовник“ е еден човек или група луѓе, кои организирано објавуваат „бомби“?

(Видео) Објавувачот на новите аудио „бомби“ за ДУИ го покажа ликот

МВР откри кој стои зад новите “бомби“

„Илија громовник“ доби конкуренција: „Експлодираа“ нови бомби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алек Болдвин се огласи по несреќата на снимањето на „Rust“: „Нема зборови со кои можам да го пренесам мојот шок и тага“

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со “Жикол“ вреден 2,2 милиони евра

Редакција

Каков имот пријавила специјалната обвинителка Катица Јанева

Редакција