еМагазин
Image default
Македонија

Николчo Стоилков кандидат за градоначалник на Ново Село од ВМРО ДПМНЕ

Николчo Стоилков е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на општина Ново Село на изборите кои треба да да се одржат на 21 април, заедно со претседателските.

Стоилков е актуелен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Ново Село. Тој е на возраст од 34 години, дипломирал на Правниот факултет при УКИМ, вработен е во Царинската управа.

Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Завчера СДСМ објави дека кандидат на владеачката партија е Никола Андонов, поранешен градоначалник на Ново Село и познат стопанственик од селото Колешино.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неврохирургот Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилеп денеска со 38 новозаболени, рекорден дневен број од почетокот на пандемијата

Редакција

Коѕијас во колумна пишува за „северномакедонците“, „славомакедонскиот“ јазик и бугарскиот шовинизам

Редакција

Нови 70 случаи со Ковид-19, нема починати

Редакција