еМагазин
Image default
Бизнис

Нов закон: 10% од добивката фирмите влезени во бизнисот со канабис ќе и ја даваат на државата

Владата на вчерашната седница го утврди Предлог – законот со кој ќе се дозволи одгледување канабис за медицински цели. Законот чија цел е контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, како и спречување и сузбивање на нивна злоупотреба, ќе биде ставен на јавна расправа.

Според предложениот текст, канабис за медицински цели ќе може да одгледуваат само правни лица кои имаат одобрение од Министерството за здравство, добиено по претходна согласност од Владата. Владата ќе ја одобрува и секоја измена во сопственичката структура на правните лица.

Во текстот на Предлогот, како што информира владината прес-служба, се наведува дека компаниите кои ќе стекнат лиценца за производство на канабис во медицински цели, ќе бидат должни да уплатуваат 10 отсто од вкупниот износ без пресметан ДДВ на излезната фактура за продажба на производи, на соодветна сметка, кои се приход на Буџетот на Република Северна Македонија.

За овие средства, како прилив во државниот Буџет, Владата на ќе донесува посебна програма за нивната намена и начинот на користење во која приоритет ќе имаат лековите за ретки болести и други приоритети во здравствената заштита.

Дел од овие средства ќе бидат наменети и за одржливо финансирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели, како самостоен орган на државната управа со својство на правно лице, која се предвидува да биде основана согласно овој предлог-закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата нема иницијатива за декриминализација на употребата на канабис за лична употреба

„Макканабис“ апелира до Владата да не се бара банкарска гаранција од 1 милион евра за да се влезе во бизнисот со канабис

Бизнисот со канабис за медицинска употреба расцвета: Бројот на издадени лиценци порасна на 27

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Аеродром склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 588,6 илјади евра

Редакција

Наместо за три дена, за два часа ќе се прават анализите за проверка на квалитетот на течните горива

Редакција

Добивката на Гранит лани пораснала за 139%

Редакција