Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.01/2020 објавени се 1.995 должници – правни лицаи 2.515 физички лица.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.006.432.444 денари (околу 162 милиони евра), помалку за 29.965.041 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.853.974.560 денари (помалку за 22.578.811 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 152.457.884 денари (повеќе за 7.386.230 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на бизнисмени и фирми на новата листа должници на УЈП
ТЕ-ТО со долг од 20 милиони евра убедливо на врвот на листата должници на УЈП
Нова листа должници на УЈП: Јавни претпријатија должат милиони неплатен данок