еМагазин
Image default
Бизнис

Нова листа должници на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 163 милиони евра

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.09/2019 за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На новата Листа на должници објавени се 1.979 должници – правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 2.586 физички лица (повеќе за 77 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата бр.9/2019 изнесува 10.199.141.546 денари (околу 163 милиони евра) повеќе за 343.653.670 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.058.805.415 денари (повеќе за 354.004.608 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.336.131 денари (помалку за 10.350.938 денари од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Звучни имиња на бизнисмени и компании на новата листа должници на УЈП

Нова листа должници на УЈП: Јавни претпријатија и општини должат милиони неплатени давачки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вработува седум лица, плата до 26.253 денари

Редакција

Комерцијална банка со намалена добивка

Редакција

Владата усвои програма за рефундирање на средства за набавка на автомобил за лица со инвалидност

Редакција