Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје, информираат од Министерството.
Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: Скопје 1.264, активни 658, Куманово 556, активни 140, Дебар 52, активни 1, Штип 174, активни 136, Прилеп 218, активни 27, Тетово 281, активни 119, Струга 98, активни 25, Велес 144, активни 30, Битола 30, активни 3, Охрид 31, активни 14, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 50, активни 29, Гевгелија 6, активни 2, Струмица 5, активни 2, Крива Паланка 7, активни 1, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 51, активни 20, Пробиштип 5, активни 3, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0, Пехчево 3, активни 0, Берово 2, активни 1, Валандово 3, активни 2, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 3, активни 2, Кичево 3, активни 1, Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем раст: 313 лица до 19 години во Македонија се заразени со корона вирусот
Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања
Од Липково се 16 од вкупно 19 новозболени од корона вирусот во кумановско