еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 252 случаи на Ковид-19, оздравени 426 лица, пет починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10, Прилеп – 8, Тетово – 7, Гостивар и Кичево – по 5, Штип, Кочани и Демир Хисар – по 4, Струга, Гевгелија, Делчево и Виница – по 3, Струмица, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка и Богданци – по 2, Пробиштип, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 426 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Охрид – 25, Битола – 24, Куманово – 18, Кавадарци – 15, Велес – 14, Штип и Кочани – по 13, Прилеп – 12, Гевгелија и Струмица – по 11, Струга – 10, Тетово, Гостивар и Крива Паланка – по 8, Кратово – 5, Кичево и Неготино – по 4, Делчево, Виница, Ресен и Берово – по 3, Радовиш, Дебар и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Скопје (2), Прилеп (2) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 90 години. Сите лица се починати во болнички услови. Починати се во период од 18.08. до 24.08.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 339.492, бројот на оздравени пациенти е 327.780, на починати е 9.473, а бројот на активни случаи изнесува 2.239.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Зоранчо Мицевски, кој го разреши Судскиот совет

Редакција

Штип, Свети Николе и Куманово со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Ѓорѓиев пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста, велат од Влада

Редакција