еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 57 случаи на Ковид-19, оздравени 90, двајца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Прилеп – 10, Битола – 7, Кавадарци – 5, Велес – 3, Охрид, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Неготино, Ресен и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85г) и Битола (60г), лицата се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 20.08-14.09.2022

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 48 часа по промоцијата, вандализиран виртуелниот споменик на Григор Прличев во Охрид

Редакција

Пендаровски му пишал на Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Редакција

Која е компанијата „Пуцко петрол“ која ги скара Антикорупциска и Обвинителството

Редакција