Голем подвижен и недвижен имот ќе добие компанијата „Винарија Сковин група“ која е најавена како купувач на имотот на винаријата „Сковин“ која мнозинскиот акционер „Фершпед“ реши да ја продаде поради нерентабилно работење.
За подвижниот и недвижниот имот на винаријата е определена вкупна купопродажна цена од 3.344.900 евра по основ на претходно прибавени понуди и врз основа на проценетата вредност определена од Одборот на директори на „Сковин“ АД Скопје.
За оваа цена купувачот ќе добие згради и објекти во сопственост на „Сковин“, деловни и помошни простории и други објекти во Маџари од неколку илјади квадрати, други објекти во сопственост на винаријата од неколку стотици квадрати во Сопиште и Сопот, градежно изградено земјиште и земјиште под згради во Маџари од над 20.000 квадрати, залихи на производи од вино во магацин, целосниот инвентар – преостанат дел од опрема, мебел, компјутери и компјутерска опрема, и други ствари сопственост на „Сковин“ АД.
Исто така, купувачот ќе добие и патнички и товарни возила, земјоделска и друга механизација со прибор и други ствари сопственост на „Сковин“ АД Скопје.
Детален преглед на имотот кој се нуди на продажба ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“
Фото: Сковин