Во Штип и денеска се бележат нови случаи на заразени од коронавирусот.
Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип информираат дека станува збор за случаи поврзани со текстилен и кожарски кластер, а има и новозаразени од скопјанец, кој дошол на гости во Штип и неговите контакти се позитивни.
Епидемиолозите се уморни и веќе во контиунитет дневно во штипскиот регион прават по 50 тестови, наведуваат од ЦЈЗ-Штип.
Со новите случаи повторно се зголеми и бројот на лица, кои се во изолација. Ако минатата недела бројката се движеше од 420 до 450, сега оваа бројка на граѓани, кои мора да седат дома е над 500.
Епидемиолозите немаат потполна слика по тестирањето на вработените во градинките. Се уште се чекаат резултатите на 20-тина вработени во градинката „Астибо“, а скринингот е направен на 12 јуни.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 30 се позитивни, а двајца се сомнителни.
Во текот на денот очекуваат на домашно лекување да се пуштат неколку пациенти, кои се со полесна клиничка слика.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов црн рекорд: 12 починати од корона вирусот, петорица од Скопје
Чаир недостижен: Детален преглед на заразени со Ковид-19 по скопските општини
Нови 132 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 57