еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство нема да постапува за „Теретана“, случајот во кој Мицкоски се сомничи за прекршување на мерките за заштита од Ковид-19

Основното јавно обвинителство Скопје нема да поведе постапка за случајот „Теретана“ во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и уште неколку лица се сомничеа дека користеле услуги на фитнес-центар во Скопје и ги прекршиле мерките за заштита од Ковид-19.

– Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, се вели во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје поосчува дека биле издадени наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото. Во исто време, во својство на сведоци биле испитани повеќе лица.

Предмет на анализа бил целокупниот материјал обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а  одземен од деловниот субјект во критичниот период.

– Притоа, на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди.

Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата.

По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност, се наведува во соопштението од ОЈО.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Изјавата на Заев непримерна

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“

Редакција

Убава вест: 326 оздравени од Ковид-19

Редакција