Вкупно 171 предмет презело Јавното обвинителство од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат од ЈОРСМ за МИА.
– Јавното обвинителство од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите презеде три предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два предмета за кои е донесена првостепена пресуда, 20 предмети кои се во фаза на судење, 19 предмети по кои се спроведува истрага, шест предмети кои се во предистражна постапка, 80 РО предмети од кои дел се однесуваат на предистражна постапка и дел по барања за воспоставување надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, 38 предмети по кои се спроведува финансиска истрага и три предмети по вонредни правни лекови – информираат од ЈОРСМ.
Посочуваат дека приоритет во распоредувањето имаат предметите кои се во судска постапка. Па така како доаѓаат судењата, така ќе бидат доделени овластувањата на јавни обвинители.
Од Обвинителство велат дека предметите кои се во истрага и во предистражна постапка, дополнително ќе бидат распределени.
Досега со овластувањето на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, четворица поранешни обвинители во СЈО продолжија да ги застапуваат предметите кои и досега ги водеа.
Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски беа овластени за предметот „Монструм“, Ленче Ристоска за „Талир 2“ , Стевчо Донев за „Триста“ и Елизабета Јосифовска за „Тотал“.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила обвинителката Ленче Ристоска, која ќе го застапува случајот „Талир 2„