еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителството бара куќен притвор за возачот кој усмрти десетгодишно дете

Основното јавно обвинителство (ЈО) Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец кој вчера попладне удри десетгодишно дете на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ и побегна од местото на несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десетгодишно дете почина откако беше прегазено на „Пластичарска“ во Скопје

Како што информираат од Обвинителството, возачот е осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Според Обвинителството, осомничениот, на 12 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, движејќи по булеварот „Никола Карев“ во насока од исток кон запад, управувал автомобил Мерцедес Е 320 и брзината на движење не ја приспособил спрема својствата и состојбите на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре пред секоја пречка што под дадените услови да може да ја предвиди.

– Со предниот дел од возилото удрил во телото на пешак – дете родено 2013 година кое како пешак попречно го поминувало коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од повредите здобиени при сообраќајната несреќа детето починало на Ургентниот центар, а осомничениот, без да укаже помош на повреденото лице го напуштил местото, стои во соопштението од ЈО.

Оттаму дополнуваат дека, ценејќи ги сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложил на судот да определи мерка куќен притвор за осомниченото лице, а дополнително и мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстичен раст: Инфлацијата во јуни 14,5%

Редакција

Запален камион со отпаден материјал во населбата Усје, пожарот изгаснат

Редакција

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило

Редакција