еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 1.277 лица кои починале од Ковид-19, 207 биле вакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 7 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

“Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1.277 пациенти со Ковид-19, 1.070 пациенти од починатите, односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“, велат од Министерството.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24% од 38.019 заболени со Ковид-19 биле вакцинирани, 19% од нив завршиле во болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер се „вжешти“ за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на науките

Редакција

Спасовски: Не постои договор со ВМРО-ДПМНЕ односно со Никола Груевски

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на улицата Борис Сарафов вреден 596.000 евра

Редакција