еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Од 9 март се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно

Од 9-ти март (понеделник) се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно, информираат од МЖ „Транспорт“.

„Потсетуваме дека возот кој превезува патници Скопје до Приштина, поради одредени технички проблеми не сообракјаше редовно, а со надминување на истите, повторно е во функција. Возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19:10 часот.

Што се однесува до релацијата Приштина-Скопје, поаѓањето ќе биде во 07:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Скопје во 09:52 часот,“ се вели во соопштението.

Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата.

Фото: МЖ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакс убеден дека повторно ќе профункционира нафтоводот помеѓу Грција и Македонија

Редакција

Бугарската Влада го одобри договореното од заедничката меѓувладина комисија

Редакција

За Илинден, денеска, прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија

Редакција