Утре попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Пообилни врнежи ќе има и в четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините, особено во западните делови, ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.
Од четврток и во следните денови, како што велат од УХМР, повремено ќе дува засилен северен ветер.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.