еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од денеска почнуваат да важат новите мерки: Рестораните ќе работат до 18 часот, забранети се собири по плоштадите и фирмите

Од денеска стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на
Комисијата за заразни болести.

Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници, информираа од Министерство за здравство.

„Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега.

На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот.

Забрана за собири на отворено и ограничен број постетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат,“ се вели во соопштението.

Министерот за здравство Венко Филипче апелира и препорачува да нема домашни собири за празниците и да се празнува одговорно заради сите нас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче ќе предложи 24 часа карантин за Велигденските празници

Редакција

Професор Дејан Трајковски: Зошто не ја сфаќаме масовната вакцинацијата како прашање на национална гордост како во Израел?

Редакција

Русија ги стопираше референдумите во окупираните делови на Украина

Редакција