еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од македонската Влада велат дека не постои иницијатива за размена на споменици со Грција

Нема иницијатива за размена на споменици, велат од Владата за МИА по објавените шпекулации во грчките медиуми дека министерката за култура на Грција предложила споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје.

– Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани на имплементацијата на Преспанскиот договор. Според Договорот, во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија, стои во реакцијата од Владата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според тврдењата на скулпторот и автор на споменикот „Тркач“, Костас Вароцос за грчките медиуми, идејата споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје била на министерката за култура на Грција, која му била пренесена на средба во Министерството за култура во петокот.

Веста од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпекулации во Грција за размена на споменици меѓу Скопје и Атина

Грците предлагаат да им го дадеме споменикот на Александар, а тие на нас скулптурата „Дромеас„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајката во која загина 17-годишно момче, учествувал и друг автомобил, возачот избегал

Редакција

(Фото) Охрид полн со туристи, ама и со ѓубре и отпад

Редакција

Зеленски благодарен на Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина

Редакција