еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од Македонски телеком не кажуваат како ја одредиле сумата од 15 денари провизија за плаќање сметка и дали истата ќе расте во иднина

Од 1 јуни Македонски телеком, како што објави еМагазин почна да наплаќа 15 денари провизија за плаќање на сметка, ако истата ја платите на шалтер во нивните салони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски телеком почна да наплаќа 15 денари провизија ако сметката ја платите на шалтер во салон

Одлуката на компанијата, во која еден од најголемите акционери е и Владата, која ја поседува и златната акција, предизвика незадоволство кај корисниците, а дел од нив ја контактираа и нашата редакција, откако еМагазин почна да пишува за темава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Организација на потрошувачи на Македонија: Не е во ред Македонски телеком да наплаќа провизија за плаќање сметка во салон

еМагазин ја праша компанијата дали при донесувањето на ваквата одлука бил земен во предвид фактот дека електронското плаќање е проблем за постарата популација, имајќи во предвид дека во Македонија голем процент од населението припаѓа токму на таа група, и секако достапноста на граѓаните за оваа можност, како стигнале до сумата од баш 15 денари, дали истата ќе се зголемува во иднина, за што ќе ги наменат парите, кој стои зад ваквата одлука, на кое законско решение се базира истата, но не добивме одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Провизијата која Македонски телеком ја наплаќа за плаќање сметки, не е регулирана со Законот за електронски комуникации

Во одговорот на компанијата стои дека целта им е на ваков начин да ги потикнат нивните корисници да плаќале електронски и дека постои и опцијата плаќање на сметката на терминал (ако го има) во нивните салони, кога не се наплаќа провизија, а за која опција на дел од корисниците повторно ќе им треба помош од вработените, а идејата на компанијата била и да се намали времето за чекање на шалтер.

“Дигиталното управување со услуги, особено електронското плаќање, заштедува време и e еден од начините за зачувување на животната средина.

Но, електронското плаќање не е единствениот достапен начин на плаќање, Македонски телеком овозможува повеќе начини на брзо и едноставно плаќање сметки, а доколку корисникот сепак сака да плати во продавница тоа може да го стори преку терминалите за наплата кои се бесплатни, самостојно или со помош на нашите продажни агенти.

На овој начин се намалува времето на чекање на шалтерите во продавниците, со што корисниците ќе може детално да се информираат за услугите и продуктите во разговор со нашите продажни агенти и да го направат најсоодветниот избор на услуги кои ќе ги користат.

Единствената цел на наплатата на надоместокот е да се поттикнат корисниците да го користат електронското плаќање. Дигитализацијата на процесите е неминовен чекор, се случува во сите сфери и е корисна за сите граѓани“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави плати лани во Македонски телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Бујар Османи, старо-новиот министер за надворешни работи

Редакција

„Цар Борис Трети“ со некомплетна докуметација за промена на името, ќе се проверуваат имињата на сите 17.000 здруженија

Редакција

Убава вест: Оздравени 854 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција