Од утре за влез во Србија на македонските граѓани ќе им треба негативен ПЦР тест за Ковид-19, не постар од 48 часа, одлучи тамошниот Кризен штаб.
Одлуката се однесува на лицата кои доаѓаат во Србија од Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за „РТС“ епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Истовремено е одлучено и да бидат стопирани рестрикциите кои се однесуваат за граѓаните на Црна Гора.
ПЦР тест не е потребен на државјаните на Србија кои доаѓаат од овие држави.
И на српските граѓани кои доаѓаат во Македонија им е потребен негативен ПЦР тест, но не и за транзит низ државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора од утре ги отвора границите за македонските граѓани, најверојатно со негативен ПЦР тест
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.