Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека Владата го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување полициски час за време на престојниот продолжен викенд.
Според одлуката, се воведува полициски час од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16:00 часот и да трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 145
Официјално: Нови 101 заболени од корона вирусот, од кои најголем број 59 во Скопје
Фото: МВР