Охрид и охридскиот регион за сега се спасија за да не завршат на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО.
Општината Охрид и Македонија имаат рок до февруари 2020 година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, решија од УНЕСКО на 43. сесија во Баку, Азербејџан.
Македонската делегација на сесијата, во чиј состав беше министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, ги информирала експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградби и дека до поставениот рок ќе може да ги спроведе препораките.
Во заштитениот појас на Охрид, има 409 дивоградби, информираа неодамна од Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дивоградби во Охрид на секој чекор: Во заштитениот појас 409 нелегални градби
Владата си даде рокови за да постапува по барањата на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион
(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид
Твитер „полуде“: „Најубаво ќе биде ДУИ да ги заштитиме во УНЕСКО, секако никој ништо не им може“
Општина Охрид: Забелешките на УНЕСКО ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион