еМагазин
Image default
Македонија

Оптимизам по средбата на Заев со Алијанста на Албанците и Алтернатива за законот за државјанство

Премиерот Зоран Заев, денеска заедно со неколкумина министри се сретна со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива, Скендер Реџепи во врска со законот за државјанство, којшто беше причина за блокада на Парламентот.

По средбата Заев изјави дека верува дека ќе се изнајде решение за проблемот со немањето државјанства и дека на средбата биле изнесени низа ставови, како од страна на владините претставници така и од пратениците на Алијанса на Албанците.

Следната средба е најавена најдоцна за една недела.

-Имавме конструктивен работен состанок на којшто претставниците од извршната власт можевме да ги слушнеме аргментациите по Предлог-законот од Алијанса и Алтернатива, претставени од нивните пратеници.

За еден дел од работите веднаш најдовме решение и знаеме како ќе се решат работите, но она за позначаен дел од работите заклучивме дека Владата треба да ги разгледа аргументациите коишто беа понудени во наративот и образложението од страна на Алијанса и Алтернатива како што и тие треба да ги разгледаат аргументациите коишто беа понудени од страна на соодветните министри, рече по средбата Заев.

Како што посочи, договорено е најдоцна за една недела да се сретнат и врз основа на тие аргументации да се пронајде трајно решение.

-Се согласивме дека таа бројка иако е евидентирана 1.500, имаме во матична евиденција, 800, 850 луѓе е различна. Притоа разграничивме граѓани коишто имаат извод од матична книга на евиденција односно се родени тука е една проблематка, и граѓани коишто се истакнуваат со државјанство со природување односно женење, мажење во државата се друга проблематика, и како да настапиме, објасни премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се стекнува македонско државјанство, што пишува во актуелниот закон?

Заев рече дека во следните неколку дена службите интензивно ќе работат за да ги разгледаат и да ги разберат сите овие предлози што ги дадоа двете опозициски партии Алијанса на Албанците и Алтернатива, но исто така тој очекува и тие да ги согледаат сите аргументации што биле дадени од соодветните министри.

-Така на тој начин ќе потврдиме сите дека сме за трајно решавање за оние наши граѓани коишто немаат државјанство да добијат државјанство, а притоа тоа да биде согласно европските конвенции за државјанство, согласно меѓународната регулатива за државјанство и согласно сето она што претставува одржливост на решенијата за државјанство, рече премиерот Заев.

Во решавање на оваа проблематика, како што кажа, ќе се искористи примерот од 2004 година, кога се решени случаите со повеќе илјади граѓани.

Заев рече дека денеска пописот не бил тема на средбата, туку само законот за државјанство и оти откако ќе завршат нивните разговори, потоа ќе треба да се разговара и со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица, кои ги имаат блокирано измените и дополнувањата на законот за државјанство на АА и Алтернатива.

Премиерот рече дека мора да се почитува Европската конвенција, потсетувајќи дека ние сме кандидат за членство во ЕУ и не смееме да ризикуваме да ја изгубиме визната либерализација и затоа се мора да биде засновано на докази.

-Навлеговме кон одредени детали кои не водат кон решение, така што ќе изнајдеме решение, рече Заев.

На средбата присуствуваа и министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за правда, Бојан Маричиќ и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, како и координаторот на пратеничката група на СДМ, Јован Митрески.

Реџепи: На добар пат сме да најдеме решение за законот за државјанство

На добар пат сме кон изнаоѓање законско решение за државјанство како постојана законска рамка преку која сите граѓани на кои досега им беше овозможено добивање државјанство и живеење достоинствен живот во државата, ќе може да го добијат, изјави пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива.

Тој во изјавата по средбата што се одржа во Собранието со пратеничката група на СДСМ и премиерот Зоран Заев истакна дека од Владата имало предлог да има закон со преодна одредба, што, како што рече, заедно со коалицискиот партнер Алијанса на Албанците, ќе го разгледаат.

Истовремено, побарале Владата да разгледа неколку точки што тие ги предложиле и да се дојде до некаков компромис.

-Не ни е цел како коалиција да бидеме црни овци кои ќе кочат и блокираат закони, туку да бидеме оние кои ќе им служат на лицата на кои им е блокирано правото на државјанство и на живеење. Ќе седнеме како пратеничка група да ги разгледаме сите опции кои се отворени на средбата, рече Реџепи.

Тој не сакаше да говори колкав е бројот на граѓаните кои немаат државјанство. За тоа рече, надлежни се институциите.

-Бројката е многу ирелевантна поради фактот што согласно Меѓународната конвенција на ОН ниту еден граѓанин не смее да биде без државјанство. За нас е битен поединецот исто толку колку е битно и ако се во прашање 10 илјади или 100 илјади граѓани.

Недозволиво е да кажуваме бројка, бидејќи не сме институција, но и за институциите не е дозволиво да не им овозможат на граѓаните да остварат право на државјанство, потенцира пратеникот Реџепи.

Според него, актуелното решение што го имаат предложено и поради чие недонесување ги блокираат другите закони во Собранието, може со комисиски амндмани да се дорегулира.

-Нема потреба да се носи ново законско решение, но и тоа може да се случи ако се појави таква потреба ќе одлучиме заедно како пратеничка група во координација со власта, истакна Реџепи.

Во врска со пописот тој го повтори ставот на двете партии дека не требало да се одложи. Одлуката за одложувањето, рече, е чисто политичка, а не од здравствени причинии, и е поради тоа што, како што истакна во дијаспората се попишале поголем број Албанци од Македонци.

Најави дека ќе ги искористат сите демократски можности да го блокираат одложувањето на оваа статистичка процедура.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли смени на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на Централниот комитет

Редакција

Починаа уште двајца пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 88

Редакција

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Редакција