еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи е манипулатор и прави дефокус на криминалот, реaгираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата за уставните промени

Мислам дека Бујар Османи е класичен манипулатор и се обидува да ја дефокусира македонската и меѓународната јавност од криминалот кој што го откриваме деновиве за кој што тој молчи и не се произнесува за криминалот на неговиот шеф, односно за кланот Ахмети, туку се обидува да ја дефокусира јавноста со работа која што е затворена, вака пратеникот и член на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ја коментираше изјавата на Бујар Османи, дека во ВМРО-ДПМНЕ имало линија која е за уставни измени.

„Нашиот претседател многу јасно кажа дека избори се единственото решение. Тоа дали има линија од ИК која што ги убедувала пратениците мислам дека е крајно несериозно да се тврди затоа што сите ние многу добро знаеме кои се нашите ставови и дека ќе опстоиме на нашите ставови,“ изјави Ковачки на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“.

Ковачки исто така додаде дека Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат во сопствениот двор и да не прават дефокус, обидувајќи се да прават проблеми таму каде што ги нема.

„Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат малку во сопствениот двор затоа што тие кај себе имаат една линија која што не го подржува раководството и која што не се согласува со криминалот на сегашното раководство и да не прават обиди за дефокус од сопствените проблеми, обидувајќи се да прават проблеми таму кај што ги нема. Нашиот став по тоа прашање е јасен и тоа прашање е затворено“, потенцираше Ковачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои се за уставни измени, тврди Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби милионскиот тендер на „Улици и патишта“ за набавка на горива

Редакција

Османи: Документите што ги објавуваат некои медиуми не се финалниот француски предлог

Редакција

На двегодишниот Марко кој има ретко заболување, потребни му се средства за лекување во Турција

Редакција