еМагазин
Image default
Македонија

Османи за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ: Процесот треба да се почне од нула

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со предложената резолуција на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата, денеска изјави дека неговата партија ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една партија.

-Се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позиција, вели Османи.

И покрај притисоците од опозицијата, посочи министерот, не навлеговме во негативен дискурс со Бугарија и пред очите на светот добивме признание дека ние сме во право.

-Постигнавме етнички консензус. Никогаш државата не била вака едногласна. Најголемата грешка што може да ја направиме до сега, од една државна позиција која има кредибилитет пред светот, некој сега да ја претвори повторно во етничка, изјави Османи во „Утрински брифинг“.

Тој вели дека ако заради некои политички, партиски амбиции, овој државен консензус, кој што го постигнавме се претвори повторно во етничко прашање, тоа е најголемата штета што може да ја направи.

-Ако треба да се донесе некаква резолуција тоа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне  од нула, да седната политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија, како што напоменав, се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позција, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара усогласување на партиите за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива се уште без став  

И Демократски сојуз ја прифаќа Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија

И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заболениот пациент со коронавирусот од Тетово e неподвижен, како се заразил?

Редакција

Убава вест: 174 оздравени од Ковид-19

Редакција

Денеска почнува седницата за избор на нова Влада, гласањето се очекува во недела пред полноќ

Редакција