еМагазин
Image default
Македонија

Оставката на Коѕијас ги врати на маса „црните пари“ и тајните фондови за името

Обидот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да го надмине раздорот во неговиот кабинет, на седницата во вторникот отиде во најлошиот можен правец, кога по острата кавга на министерот за одбрана Панос Каменос и досегашниот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, вториот си поднесе оставка, анализира агенцијата Мета.

Според грчките весници во кавгата се споменувале црните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР). Но, „црни пари“ или тајни фондови, имаат и Министерството за одбрана и други министерства.

Средствата министрите може да ги наменуваат по своја волја без кому било да му полагаат сметка, и сето тоа без каква било документација. Со тие пари може да финансиираат лица или организации заради заштита на националната безбедност, но и за прибирање информации во странски земји, за хонорирање странски новинари и за различни други тајни мисии.

Засега грчкиот парламент има контрола само врз ваквите фондови во МНР, врз основа на заложбата на Коѕиас на почетокот на минатата година.

Во текот на 1989-1993 година, се пишуваше дека од тајните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи, предводено од Антонис Самарас, грчки новинари добиле 130 милиони долари за да се промовира “грчкиот карактер на Македонија”!

– Сите средства се во црни пластични ќеси, налик на оние црни вреќи ѓубре. Таму никогаш нема проверка, секогаш исплатата беше во готово. Парите се главно за пропаганда на името на Македонија, но наместо да одат во странство, оваа пропаганда е насочена кон внатре, кон нашата земја – рече Мицотакис и пред комисија повика да се разјаснат на случајот.

Самарас беше сменет во 1992 година како министер за надворешни работи од страна на тогашниот премиер Мицотакис, кој го презеде Министерството за надворешни работи.

Истрагата заврши без заклучоци. Самарас јавно призна дека големи суми на пари биле исплатени на издавачи, новинари, па дури и на локалните власти, додавајќи дека сите пари биле искористени за “национално корисни цели”.

На вторничната седница, министерот за одбрана Каменос не само што остро го напаѓал својот колега Коѕиас за злоупотреба на „црни пари“, туку и обвинувал дека од милијардерот и финансиер, Џорџ Сорос, зел 50 милиони евра за „поттурнување“ на Преспанскиот договор. Притоа Каменос го обвинил и весникот „Ефимерида тон синдактон“ („Ефсин“) дека зема пари од Сорос.

Целата анализа на Мета, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчка Ајефимерида: Од тајните фондови на грчкото МНР со 1 милион евра биле финансирани македонски и албански медиуми

Тајни фондови на Грција: Киро Глигоров единствен кој обелодени обид за поткуп за промена на името

Коѕијас смета дека нема никаков проблем со тајните фондови во грчкото МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 24 лица

Редакција

Убава вест: 89 оздравени од Ковид-19

Редакција

Почина 21-годишник од Ковид-19: Вкупно 6 смртни случаи во тетовската болница

Редакција