еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов

До кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“.

Од кабинетот на претседателот за МИА велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови.

За насилствата во Собранието на 27. април 2017 година, на 15. март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12. мај годинава.

Неговиот наследник треба да се добие по претседателските избори што ќе се одржат на 21 април и 5. мај.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не очекува Иванов да даде нова аболиција, овој пат за „27 април“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Во 27 земји регистрирани 780 случаи на мајмунски сипаници

Редакција

Алкохолот меѓу пратениците влијае за атмосферата во Собранието, вели Павле Трајанов

Редакција

(Фото) „Алкалоид“ на традиционалниот пикник собра 1.120.000 денари кои ќе бидат донирани на „О2“ за борба против загадувањето

Редакција