еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Отец Пимен: Стоилов треба да е почитуван како шампион и човек што цврсто стои на својот став

Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат. Чувајте се од оние што го немаат и ги води толпата за да се чуствуваат силни и безбедни.

Ова го напиша Отец Пимен по повод освојувањето на шампионската титула на Вардар, но и вмешувањето на многу политика поврзани со ставовите на ракометарот Стојанче Стоилов.

„Не ја уништувајте почитта и заслугите на други полиња на реализираните личности само поради нивните ставови. Немојте да бидете спремни и другарства да згазите поради спротивните ставови.
Спротиставеноста на ставовите може да нè води напред, а не топењето во толпата под влијание на медиумите.

Стојан Стоилов треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донесол многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа. Капа долу Ел Капитано“, рече Пимен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Прослава со ракометарите на Плоштад: „Уааа“ за Град Скопје од граѓаните и „никогаш Северна само Македонија“ од навивачите

„На плоштад Македонија умре Северна“: Твитер реакции за дочекот на Вардар во Скопје

Русинот Шишкарев на прославата за Вардар: „Сакам да станам Македонец, барам една година пасош, но никој не ми дава“

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најплатени професии: Програмерите убедливо на врвот

Редакција

ЕВН привремено ги затвора сите приемни канцеларии за корисници

Редакција

Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на партиите, вели Куновска по ставањето на Мерко на црната листа

Редакција