Микробиологот Никола Пановски за новиот сој на Ковид-19, „омикрон“ вели дека студиите се во тек и лабораториски и епидемиолошки и се уште е рано да се каже дали новиот сој има потенцијал да не врати од почеток, па ниту вакцинирањето, ниту прележаноста да не можат да помогнат.
„Дали и колку побрзо се шири од делта варијантата, дали е со посериозни симтоми и дали прележаните и вакцинираните се помалку заштитени? За последново треба најмногу време.
За сега се шпекулира дека побрзо се шири, но дека дава полесни симптоми. Идеално и најоптимистичко сценарио е да се шири брзо и да не дава смртен исход.
Така сите брзо би се имунизирале, за жал на вакциналните фанатици. Сите други сценарија се загрижувачки, но и поверојатни,“ изјави Пановски за „еМагазин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ