Не стивнуваат реакциите по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи неколку криминалци, суетен новинар и педер да ја симнат оваа Влада од власт.
Здруженија на новинари, невладини организации и илјадници граѓани со право реагираа дека изјавата е недозволива без оглед на извинувањето што Заев го даде до ЛГБТ заедницата.
Да се упоребуваат погрдни зборови кои етикетираат бездруго е навредливо за припадниците на ЛГБТ заедницата.
Не треба да се заборави дека во изјавата се спомнува и „суетен новинар“ и дека премиерот со неа на некој начин намерно се обиде да дискредитира новинар.
Се чини дека со ваквата изјава Заев ги фрли во сенка досегашната поддршка што Владата и ја даваше на ЛГБТ заедницата, како и Прајд парадата која прв пат се одржа во земјава во 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осуди од сите страни за „сочната“ изјава на премиерот Зоран Заев
Заев се извини на ЛГБТИ заедницата: Зборот „педер“ го употребив за да дадам карактерна особина