еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровски ја однесе малата Ембла на училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на 11-годишната Ембла Адеми и основното училиште „Единство“ каде што таа следи настава во четврто одделение.

Ова девојче со Даунов синдром го почна со задоцнување второто полугодие поради бојкот на родители на нејзини соученици што минатата недела предизвика бурни реакции во јавноста и од надлежните институции.

Со родителите на Ембла, Пендаровски разговараше за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат секјдневно, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување.

– Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој и ја поздрави брзата реакција на Народниот правобранител и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација да отвори постапка за случајот со Ембла.

Претседателот ја нагласи важноста од запазување на законските одредби на инклузија во образованието, потенцирајќи ја општествената одговорност особено кон ранливите групи.

Претседателот истакна дека се неприфатливи однесувањата на оние кои на кој било начин ги загрозуваат правата на децата, дотолку повеќе кога станува збор за деца со атипичен развој, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, наведе шефот на државата, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во училишните клупи и училишниот двор.

-Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучниот елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата. Таа ќе им помогне на децата како Ембла, но ќе ни помогне и нам, да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни.

Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип, рече претседателот Пендаровски.

Пендаровски се осврна на инклузивноста како стремеж кој не треба да остане само декларативен, туку преку пракса да се користат потенцијалите на лицата со атипичен развој. Предрасудите во тој контекст, додаде тој, се главната пречка за изградба на еднакво и праведно општество за сите.

Претседателот посочи дека ресорните министерства и надлежните институции имаат законска, но и морална обврска да овозможат инклузивно образование, во кое главниот фокус ќе биде развивање вештини и способности кај децата со различен развоен процес, нагласувајќи ја потребата од сензибилизирање на јавноста по овие прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Македонија на нозе: Девојче со Даунов синдром не може да следи настава со другите деца оти родители од Гостивар не дозволуваат

Хелсиншки комитет: Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла

Министерот Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците, да се подигне свеста за децата со попреченост

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП

Редакција

Голем пораз или заговор: Владата, ЕУ и САД им должат одговори на граѓаните за азилот на Груевски

Редакција

За првпат во Македонија, Netflix преку А1: 12 месеци подарок со А1 Combo

Редакција