еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски од Собранието: Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака кон опозицијата

Со давањето на свечената изјава пред Собранието, Стево Пендаровски и официјално ја презема функцијата претседател на државата.

„Сакам јавно да кажам и да се обврзам дека ќе бидам претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за мене, и на оние кои гласаа за моите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање. Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата“, рече претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање по повод неговата инаугурација во Собранието.

Тој додаде дека ќе биде претседател на сите граѓани.

„Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го почнеме граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг“, потенцира Пендаровски.

Шефот на државата го истакна и односот кон опозицијата кој, како што нагласи, е исто толку важен.

Најави дека ќе се бори против поделеноста во општеството, дека ќе ги штити правата на политичкото малцинство, дека максимално ќе се заложи за довршување на полноправното членство на земјава во ЕУ и НАТО, како и дека посебно внимание ќе посвети на меѓуетничките односи.

Според Пендаровски, нула ќе биде толеранција кон криминалот и корупцијата, а поддршка ќе даде и на граѓанскиот сектор и на медиумите.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И Бранко Црвенковски на инаугурацијата на Пендаровски во Собранието

(Фото) Иванов се збогуваше: Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПИОМ исплатил 2,5 милиони евра пензии на починати лица: Со тужби бара да се вратат парите

Редакција

Реџепи од Беса денеска во полиција дал изјава дека никогаш не бил исчезнат

Редакција

Бизнисот не може да го издржи ударот од цената на струјата, Владата да реагира итно, апелираат од Стопанска комора

Редакција