За бугарската телевизија БНТ, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, кој Бугарија пред неколку дена го повлече од Македонија, откри дека нападнатиот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември лани.
Тој приложил и документ за неосудуваност.
Како што е познато за Пендиков освен тековната истрага за неговото претепување, се води уште една. Кај него лани во декември полицијата пронајде дрога, а Обвинителството постапува по пријавата на МВР, по што ќе биде донесена одлука за овој случај.
Од Обвинителството соопштија и дека Пендиков неколку пати ја променил изјавата за нападот и дека никој од нив не побарал дозвола за негов транспорт во Бугарија, каде што се лекува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин
Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК
Фото: МНР