Директорот на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски за Слободен печат вели дека има прилично сериозни податоци кои укажуваат на тоа дека природниот имунитет е подобар од вакциналниот имунитет.
Тоа, според него секако, не значи дека граѓаните треба да трчаат по инфекција за да имаат подобар имунитет против Ковид-19, затоа што и вакциналниот имунитет е споредлив.
Тој за Слободен печат споделува израелска студија објавена пред неколку дена, спроведена на огромна група испитаници.
-Оваа студија потврдува дека природниот имунитет е многу солиден. Израелската студија е спроведена на огромна група испитаници и потврдува дека луѓето кои имаат поминато Ковид-19, поретко се инфицираат со Сарс Ков 2, отколку луѓето вакцинирани со две дози.
А најдобриот имунитет пак, имаат луѓето кои имаат поминато болест и имаат примено една доза вакцина. Сето ова се однесува на вакцината на Фајзер, вели тој и меѓудругото посочува дека најдобрата комбинација за имунитетот е откако ќе се прележи инфкцијата да се прими една вакцина која дава уште подобар имунитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Илир Љума: Небулоза е дека вакцината дава посилен имунитет
Доктор Петличковски: Вакцинацијата со една доза е доволна само кај тие што ја прележале болеста
Доктор Петличковски: Да се чека за вакцина од 1 до 6 месеци по прележан Ковид-19
Фото: МЗ