еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По барање на Обвинителството замрзнати трите луксузни стана во „Панорама“, кои наводно се чувале за Груевски

По барање на обвинителката Лиле Стефанова, застапник на обвинението во случајот „Плацoви на Водно“, Основниот Кривичен суд – Скопје донесе одлука да се замрзнат трите луксузни стана во „Панорама“ на Водно, кои според искази на дел од обвинетите, наводно се чувале за поранешниот премиер Никола Груевски.

Становите се на фирмата „ССИ Инвестмент“, но, според Орце Камчев и неговиот зет, Мето Стојчевски, тие се чувале за Груевски, а за замена за плацовите на Водно.

Овие плацови, пак, се на име на сопругата на бизнисменот Сергеј Самсоненко, Ирена Самсоненко, чија адвокатка на денешното рочиште побара одмрзнување на имотот на „Лајв кеар центар“, фирма на Самсоненко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плацот на Водно е мој, го купив од Камчев: Сергеј Самсоненко сведочеше на судењето за “Плацови на Водно”

Од Кривичниот суд велат дека ова барање допрва ќе се разгледува, и дека ќе се одлучи откако најпрво ќе добијат став од Обвинителството.

Според обвинението за случајот „Плацови на Водно“, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, обвинетиот Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Завршните зборови за „Плацови на Водно“ се закажани за 12 април, по што ќе биде објавена пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за “Плацови на Водно“: Судот ги одби „бомбите“ на Груевски со Камчев

Груевски ја потврди автентичноста на „бомбите“ со Камчев: Снимките покажуваат дека немам врска со „Плацеви на Водно“

На You tube објавени „бомби“ во кои наводно разговараат Груевски и Камчев

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За пречекот на Курти без државното знаме во Тетово ќе има прекршочен судски процес прoтив Општина Тетово

Редакција

Мендух Тачи и Арбен Џафери биле прислушувани под псевдоними „швалер“ и „деда“

Редакција

Вкупно 2.976: Од Ковид-19 починаа 5 лица

Редакција