Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, на денешната прес-конференција посочи дека во моментов притворените лица М.Ј и С.Р. се сместени во други притворски простории поточно во Хашкиот дел и шетаат во друго шеталиште, а не во тие каде што се случија немилите настани.
Додаде дека денеска се преземени нови протоколи и повикани се поголем број на затворски чувари на работа.
Котевски денеска си даде оставка од директорската функција, поради како што рече, од професионални и морални причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Котевски: Од професионални и морални причини ќе поднесам оставка
Заев побара оставка од директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски
Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?
По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?
Фото: Влада