Веднаш по прес-конференцијата на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Македонија на 18 ноември 2021 година и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември 2021 година, информираа од Јавното обвинителство.
– Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус.
Истата постапка ја спроведува и бугарското Обвинителство, кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден, се наведува во соопштението на Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ