еМагазин
Image default
Македонија

По оставката на Каменос, од грчката Влада, Димитров добил уверување дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван и таму

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, по денешната оставка на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, разговарал со неговиот грчки колега Јоргос Катругалос од кого добил уверување дека грчката Влада останува посветена да ја заврши работата со Преспанскиот договор.

– Ја видов веста за министеро за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци, Каменос, кој ја напушти функцијата министер за одбрана. Имав веднаш потоа кратка коресподенција со мојот колега Јоргос Катругалос и добив уверување дека грчката Влада останува силно посветена согласно со националните интереси на Грција да ја заврши работата со Преспанскиот договор, рече Димитров, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Во таа смисла, дополни Димитров, мислам дека е покорисно да упатуваме порака оти е време двете држави, кои се соседни земји и споделуваат многу заеднички интереси, да го направат овој исчекор кон блиско пријателство, стратешко партнерство и идни сојузници, како нешто што можеби и порано требаше да го направиме.

Појаснувајќи го стапувањето во сила на Договорот од Преспа, рече дека во блиски консултации меѓу двете Влади и двете МНР е најден начин домашниот внатрешен процес и влегувањето во сила на уставните амандамни, кои зависат од тоа кога и како ќе се заврши работата од Парламентот во Атина, да биде усогласен со влегувањето во сила на Преспанскиот договор.

– Има начин и е многу важно и од аспект на нашиот домашен уставно-правен поредок и од аспект на влегувањето во сила Преспанскиот договор кој е меѓународен билатерален дговор тие две работи да се случат заедно. Да влезе во сила Преспанскиот договор заедно со двете ратификации од страна на парламентот во Атина и на договор и на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО и има начин како тоа да се направи, рече Димитров.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каменос нема да даде подршка ни на владата на Ципрас, ни за протоколот за влез на Македонија во НАТО

Ќе падне ли грчката влада: Ципрас ја прифати оставката на Каменос

Панос Каменос го „откачи“ Ципрас, ја напушта грчката Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 368 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово, Тетово и Штип

Редакција

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

Редакција

Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само братство и пријателство

Редакција