еМагазин
Image default
Македонија

По Ременски и Кирацовски во Обвинителството на распит за „Рекет“

По пратеничката Фросина Ременски, бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и водителката Лила Филиповска, денеска во Обвинителството за гоненење организиран криминал и корупција исказ треба да даде и пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски во врска со случајот „Рекет“.

Пратеничката Ременски вчера повеќе од два часа даваше исказ во Јавното обвинителство за, како што рече, се што е поврзано со случајот „Рекет“, со Меѓународниот сојуз и се што е во интерес на истрагата. Рече дека со индигнација ги отфрла сите поврзувања.

По обелоденувањето на аферата „Рекет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, претходно неделава дадоа и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени.

Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ред се реди пред Обвинителството за „Рекет“, ама Боки 13 не го викаат на распит

Ременски негира секаква поврзаност со „Рекет“, Боки 13 не го посетила во затвор

Сите што се сликале со Боки 13, Обвинителството да ги повика на распит за „Рекет“, предлага Кирацовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Револт кон Министерството за култура: За роман 90.000 денари, за патни трошоци на Мири и Силвани 12.000 евра

Редакција

Мицкоски: На продажба „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Џафери ја врати иницијативата на Левица за референдум: Барањето не е во согласност со Деловникот, прашањето е несоодветно поставено

Редакција