еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина Јана Арсовска, девојката борец за која се немаше слух за помош

Почина Јана Арсовска, девојката за која се собираше хуманитарна помош поради заболување од канцер. За нејзината борба со болеста таа информираше на нејзината фејсбук-страница, а исто така сподели и информација дека била одбиена за финансиски средства за нега.

За Јана се организираа голем број на хуманитарни настани, но за жал, болеста победи.

Приказната на Јана, „еМагазин“ ја следеше постојано и упатувавме апели за помош. Да се потсетиме што напиша, низ каква голгота помина:

„2015- дијагностицирана со адултен неуробластом на 29 години детска дијагноза, опасен малиген тумор за кого нема протокол официјален за возрасни. Примени 7 опасни хемотерапии + 10 дена строга изолација за MIBG терапија што во МК не постои + трансплантација на матични клетки (исклучително тежок период, месец дена изолација).

Потоа следуваат контроли, но се работи за агресивен канцер и после година дена болеста ми се врати. Следува: 4 циклуси нови хемо + радиотерапија (и денес имам нус појави, ужасен дерматит/ изгореници на десната нога, лимфен едем и со месеци одам со штаки) + втора трансплантација на матични клетки.

Следен чекор се предлага имунотерапија, еден циклус чини околу 80. евра… + месеци во Германија, далеку од дома, од најблиските + панични напади + страв + пропуштам втора сезона да не ја работам поради нус појави кои не се воопшто наивни!

И така, јас како човек со две трансплантации во година дена, неспособна за работа се уште, што чекам резултати од биопсија во страв да не биде коскената срцевина уништена од ударно зрачење, МЕ ОДБИВААТ ЗА НЕГА!

Мене, што 4 години од животов ги поминувам во болници. Не се жалам за тоа, таков пат ми одредил Бог и тој ќе ми даде сила за напред. Ќе водам јас уште многу тури, но сега, во овој момент за прв пат ВИСТИНСКИ чувствувам потреба да си заминам од тука.

Македонијо, моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам. Амбициозна сум, зборам неколку странски јазици, вредна… само да оздравам и би сакала да заминам во некоја друга земја, можеби поправедна! Барем се надевам!!! Ве сакам другарчиња, нека Бог ве чува сите, па и мене“.

Нека почива во мир!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хуманитарен концерт на популарните 2Бона и Мили за Јана Арсовска

Хуманитарен концерт „Заедно за Јана“ утре во 19.30 часот во Охрид

За Јана Арсовска се отворени донациски броеви: После две трансплантации потребна е имунотерапија

Одбиена да прима парична помош за нега: Јана Арсовска за една година поминала две трансплантации на матични клетки и опасни хемотерапии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои пратеници ќе земаат апанажа

Редакција

(Видео) Невреме поплави делови од Скопје, „река“ во близина на Бит пазар

Редакција

Проф. Трајковски: Омикрон сојот кај нас веќе се ширел најмалку 2-3 недели

Редакција