Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа од корона вирусот починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти.
Во болницата во Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.
Вкупната бројка починати се зголеми на 414 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рекордни 241 нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија
Три сценарија за корона вирусот во Македонија: Најцрното предвидува 1.805 починати лица до 1 ноември
Позитивни на корона вирусот 53 работници од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе
Фото: МЗ