еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Починати тројца пациенти, оздравени 18 лица од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години.

„Денеска во евиденцијата на Инститот за јавно здравје (ИЈЗ) е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен.

Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал ИЈЗ,“ информираат од Министерство за здравство.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, двајца од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупната бројка 1.117: Регистрирани 36 нови заболени од корона вирусот, 22 во Скопје

Во Прилеп тројца новозаболени од корона вирусот, вкупно заразени 103 лица

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23 пациенти биле на возраст од 30-49 години: За една недела во Македонија 204 починати од Ковид-19

Редакција

Кои се најголемите акционери во УНИ Банка

Редакција

Османи: Не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото

Редакција