еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полициска акција во Скопје: Кривични пријави за Миле Јанакиески и уште 10 лица

Вкупно 11 кривични пријави се поднесени за злоупотреба на службена должност и несовесно работење, се првичните информации од МВР, по полициската акција утрово на неколку локации во Скопје во која се приведени повеќе лица.

Меѓу останатите за кои е поднесена кривична пријава е и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и негови соработници во министерството, двајца нотари, и против едно лице од Агенција за катастар.

Како што соопшти МВР,  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со полицијата презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје.

-По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје, појаснуваат од МВР.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Со парите за бензин од апсење-пуштање на Миле ќе реновиравме еден студентски“: Твитер реакции за новото апсење на Јанакиески

МВР апси поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес

Фото: Фејсбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Катарски емир му подари луксузен авион на Ердоган, вреден 367 милиони долари

Редакција

Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“

Редакција

Македонија не треба да очекува да ги почне преговорите во јуни, смета Ќучук, известувач на ЕП за земјава

Редакција