Политичката криза во сенка ја фрли темата за ковид пандемијата, која пак, колку повеќе е игнорирана, толку повеќе се разгорува.
Бројките, според предвидувањата на стручњаците, наредниот период ќе достигнат 1.000.
Значаен придонес за оваа бројка ќе дадат и партиите, во време кога се прават математики за собраниското мнозинство за гласање на (не)доверба на Владата.
Доктор Нико Беќаровски, смета дека за две недели ќе се видат бројките од партските митинзи, или собири, нивните партиски активности, сеедно.
Легитимно е прашањето, дали дел од градоначалниците, но и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои имале близок контакт со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, које е позитивен на Ковид-19, треба да бидат во изолација.
Откако во неделата се онесвести на пре-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Папазов два дена потоа излезе дека е позитивен на Ковид-19.
На помош, како нормална човечка реакција, му притрчаа другите градоначалници, со кои тој, претходно бил на средба во седиштето на партијата.
Мицкоски изјави дека градоначалникот не бил појадуван, но веројатно не била баш тоа причината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов позитивен на Ковид-19
(Видео) На градоначалникот на Кочани му се слоши за време на прес-конференција на Мицкоски
Двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се веќе во изолација, и гласањето за в четврток го најавија за во скафандери.
Вчера се одржаа два одбори на СДСМ, а во неделата расправаше и Генералниот совет на ДУИ.
И под претпоставка дека протоколите на овие партиски состаници во затворен простор биле запазени, никој неможе да ја исклучи можноста за ширење на вирусот.
Сите политичари со своето однесување периодов ја прогласија короната за мртва.
И онака ретко кој граѓанин е убеден во оправданоста на мерките за заштита од вирусот, а како и да биде, кога има еклатантно нивно кршење од страна на политичарите. А, нивната економска оправданост, е друга тема.
За жал, лекарите и во наредниот период ќе “гинат“, повторно ќе нема места во болниците, а и уште семејства ќе бидат завиени во црно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централниот одбор на ДУИ го овласти Али Ахмети сам да донесе одлуки по меѓупартиски преговори
Фото: Unsplash