еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Политико“: Бугарската тактика на изживување врз Македонија ефикасна за подземјето во Софија, но неприфатлива за ЕУ

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во петокот одржаа состанок со цел да го надминат ќор-сокакот, но не успеаја да ја убедат Бугарија да отстапи, што предизвика зголемување на фрустрациите меѓу европските дипломати, кои велат дека Софија ја задржува мошне важната агенда на ЕУ за проширување со целосно внатрешен проблем, кој треба да биде решен на билатерално ниво со Северна Македонија, пишува денеска „Политико“.

-Бугарската тактика на изживување можеби е ефикасна за постигнување резултати во подземјето во Софија, но е крајно неприфатлива на ниво на ЕУ, изјави европски дипломат за „Политико“.

Во написот на „Политико“ се наведува дека доколку Бугарија, изолирана како што е досега, продолжи со својот  бекомпромисен став, ќе ја загуби добрата волја која ја ужива меѓу земјите-членки.

Во текстот се потсетува дека бугарското МНР излезе со став дека сегашното решение не нуди легални гаранции, какви што бара Бугарија, во однос на несогласувањата со Северна Македонија.

Бугарија ја информирала ЕК дека не може да ја прифати понудената преговарачка рамка за отворање на преговорите со Северна Македонија, став, кој во петокот го изнесе министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Тоа ја нарушува целта на германското претседателство со ЕУ за продолжување на процесот на проширување оваа година, наведува „Политико“ и додава дека Бугарија и Северна Македонија имаат спор за историјата и јазикот, при што Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и македонскиот јазик имаат бугарски корени, како и да се откаже од тврдењата дека има македонско малцинство во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последна шанса за договор со Бугарија следната недела, во спротивно блокада на преговарачката рамка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комеморација за Мирко Попов во Македонска филхармонија, во петок на 5. април

Редакција

Милевски: Договорот Заев – Гаши е направен со одредена уцена, ако ние излеземе од Владата ќе има нови избори

Редакција

Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници

Редакција