еМагазин
Image default
Македонија

Поништувањето на аболицијата е уставно, Стразбур може да ги отфрли тужбите на обвинетите од СЈО

Уставниот суд на денешната седница одлучи дека поништувањето на аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за лицата опфатени во предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е уставна и законска затоа што не смее на граѓаните да им се скрати правото за повлекување на аболиција доколку сметаат дека својата невиност можат да ја докажат пред суд.

Ова значи дека Иванов имал во право кога решил да ја повлече аболицијата во јуни 2017 година, инаку дадена два месеца претходно, во април.

Со оваа денешна одлука на Уставен суд практично продолжуваат да се процесуираат сите предмети на СЈО, затоа што аболицијата на Иванов се однесуваше на осомничени и обвинети од СЈО, иако во списокот помилувани Иванов имаше и грешки со имиња на сведоци и на лица кои воопшто не биле третирани од СЈО.

Дополнително, со ваквата одлука на уставните судии му се отвора патот на Судот за човекови права во Стразбур лесно да ги отфрли тужбите поднесени против државата од страна на обвинети од СЈО, сите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ја тужат државата во Стразбур за крешење на човековите права со тврдење дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече. Но, Уставен суд одлучи дека сепак може, па така од денеска повлекувањето на аболицијата е законско. Со тоа паѓаат во вода наводите кои ги изнесуваат тужителите од ВМРО-ДПМНЕ, дека им се прекршени правата со тоа што Иванов им ја повлекол аболицијата.

Ситуацијата стигна до Стразбур и до Уставен суд затоа што во април 2017 година, Иванов даде колективна аболиција на 56 лица која немаше законска основа. Тој се повика на членот 11 од Законот за помилување кој практично бил избришан во 2009 година.

Во 2016 година Уставен суд ги укина измените во Законот за помилување од 2009 година мислејќи дека така ќе го вратат на сила членот 11 кој на претседателот му дава дискреционо право да помилува кого сака и кога сака. Но, со таа одлука на уставните судии од 2016-та членот 11 немаше како да се врати во правниот поредок затоа што бил избришан од Парламентот. Тоа не му сметаше на Иванов и даде аболиција врз основа на член кој не постои, кој не е на сила.

Откако сфати што направи и какви реакции предизвика Иванов посегна потоа да ја повлече аболицијата, но и тоа немаше како да го направи. Затоа пратениците во 2017 година вметнаа член 11а во Законот за помилување со кој му дадоа право на Иванов да може да повлече еднаш дадена аболиција.

Денеска Уставен го потврди тоа, дека повлекувањето на аболицијата е законско. Затоа тужбите на обвинетите од СЈО во Стразбур стануваат беспредметни.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повлечената аболиција на Иванов е уставна, одлучи Уставниот суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации, продолжува протестот „Ултиматум-Не благодарам”

Редакција

Ковачевски по средбата со Петков: Во моментов не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија

Редакција

(Видео) Бугарите во Уставот кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка: Димитриевски за БНТ1

Редакција