еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Поплави во Србија, вонредна состојба во 39 градови и општини, евакуирани 75 лица

Обилните дождови во Србија предизвикаа изливање на реките и поплави, поради што во 39 општини и градови е прогласена вонредна состојба, додека припадниците на Секторот за вонредни состојби евакуираа 75 лица од поплавените и загрозените подрачја, јави дописникот на МИА од Белград.

Вонредна состојба прогласена е за градовите Чачак, Лозница, Јагодина, Прокупље, Алексинац, Парачин, Куршумлија, Владичин Хан, Врњачка Бања, Соко Бања, Сјеница и други градови и општини.

Мостот во Адрани кај Краљево е однесен од реката, поради што во прекин е сообраќајот на Ибарска магистрала кај Краљево, а во Чачак се делат вреќи за одбрана од поплави на станбените и помошните објекти.

Во Крагуевац е поплавен хируршкиот блок во Клиничкиот центар и други објекти, а тешка е состојбата и во Јагодина, Коцевље, Косјериќ, Брус, Крушевац, како и на повеќе сообраќајници во Белград.

Поплави има и во Нови Пазар, каде војската ќе подигне понтонски мост помеѓу две населби во овој град.

Српското МВР издаде упатство за начинот на однесување за време на поплави и следење на информации преку медиумите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување на јавното мислење во Македонија и Грција: Договорот од Преспа останува чувствителна тема за двете страни

Редакција

Грција бара да не ја употребуваме кратенката МКД на Европското првенство и ФФМ да си го смени името

Редакција

Катастрофални законски измени за работничките права заради Бехтел и Енка, реагираат од ССМ

Редакција