еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Популизмот и високата концетрација на ПМ честички имаат заедничка точка – загадувањето

Загадувањето во Скопје, како што и очекувавме е повторно топ тема. Така е веќе неколку години.

Граѓаните на Скопје, а и од другите градови во земјава дишат енормно загаден воздух. Иако наивно се очекуваше по неколкугодишното загадување да се подигне алармот и да се мобилизираат сите институции, граѓански организации,  а и граѓани, во решавање на проблемите чекор по чекор, изостанаа суштинските мерки.

Се е исто како лани. А како расте пристисокот врз функционерите, тие во обид  да се амнестираат почнуваат со дневно политичка реторика, која ниту го решава проблемот, ниту го „билда нивниот рејтинг во јавноста“.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов констатираше дека енормното загадување во Скопје е резултат на децениска негрижа и работите не можат да се решат преку ноќ.

Точно! Но, сите го знаеме тоа, а го знаеше и градоначалникот Шилегов кога стана градоначалник.

Констатациите и обвинувањата на функционери од претходната власт за жал не го прочистува воздухот. Во отсуство на конретни мерки против загадувањето, Шилегов најави инспекциски контроли на големите фабрики, а самиот кажува дека не се негова надлежност.

Кога нема опипливи резултати, најлесно е да се бараат „виновници“. Тој „филм“ го гледавме и изминатите 10 години, во време на преходната власт.

Ако земеме предвид дека големите компании како УСЈЕ, Макстил и други се под ингеренции на Министерството на животна средина и просторно планирање, а не под градот Скопје, ваквата посета освен гол популизам и „лов на вештерки“ нема да има друг ефект.

Имено, правно гледано институциите кои се надлежни мора да вршат контроли и да го спроведуваат законот, а со само еден клик на Интернет може да се провери дека УСЈЕ на пример постојано ги објавува податоците од мерењето на емисиите и ги испраќа до медиумите. Ненајавените контроли покажаа дека емисиите се во рамките на законски доволените вредности. Може било кој да се пријави и да ја посети компанијата.

Макстил исто така објави дека врши мерења. Дали ги поминуваат дозоволените граници треба да кажат надлежните институции и да преземат мерки ако тоа не е така. Суспендирањето на нивните ингеренции, нема да го реши проблемот ако го има.

Наместо празни настани, најдобро за сите ќе биде да се преземат сериозни мерки, и зајакнување на инспекциските служби на градот Скопје, кои почнаа поактивно да работат на терен.

Популизмот и високата концетрација на ПМ честички имаат едно заедничко – загадувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добредојдовте во Македонија, земјата во која загадуваат и болниците

И македонската економија губи од загадувањето

Нема ЕУ со загаден воздух

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 починати лица од Ковид-19, 21 имале коморбидитети

Редакција

(Галерија) „Рагуза Груп“ го прослави триесетиот роденден

Редакција

Делегација на Амбасадата на Казахстан во посета на „Алкалоид“

Редакција