еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот министер Димовски си замина, останатите тројца осомничени се уште се во Кривичниот суд

Поранешниот министер за земјоделиство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник во Собранието Љупчо Димовски си замина со приватно возило по распитот во Кривичниот суд во Скопје, во врска со доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште.

Во Кривичниот суд, судија на претходна постапка се уште одлучува по предлогот на надлежен јавен обвинител за определување мерка притвор за тројца од четворицата поранешни министри и заменици министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра), информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

МИА/Фото: Фејсбук/Димовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Уапсени поранешни министри. Ако се по барање на СЈО пуштете ги со време„: Твитер се „вжешти„

Рускоска: За тројца од поранешниве министри и заменик бараме мерка притвор, а за еден поради здравствени причини куќен притвор

МВР со детали: За што се товарат поранешните министри за земјоделство?

Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телата на тројцата загинати во сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија

Редакција

Министерството за правда ќе испрати нови барања за екстрадиција на Груевски и на обвинетите за „Монструм“

Редакција

Маричиќ за правда, Царовска за образование, Николовски и Димитров вицепремиери: СДСМ ги соопшти кадровските решенија

Редакција