Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 10 до 15 јануари покажуваат дека во Македонија се потврдени 57 нови случаи на омикрон, варијантата на Ковид-19.
“Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 10- 15.01.2022, изведен е ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism -Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P на вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а кај 57 од нив (59,4%) е детектирана Омикрон варијантата (B1.1.529).
Омикрон варијантата е откриена во 7 градови и тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драстичен раст: Минатата недела 1.247 лица по вторпат заболеле од Ковид-19
Кои се најчестите симптоми на омикрон?